По Макрон, нападнат уште еден политичар во Франција: Беше „побелен“ за време на интервју (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Жан-Лук Меленшон, левичарски француски политичар и веројатен кандидат на претстојните претседателски избори, доби брашно во лицето за време на протест во Париз.

Додека одговараше на новинарски прашања за време на Маршот за слобода, анти-десничарски митинг што се одржа и во други француски градови, еден напаѓач му пријде и му фрли брашно во лицето, објави Б92.

Демонстрантите го опишаа напаѓачот како фашист и екстремист, на што тој одговори дека тој всушност бил левичар и дека оние што биле нападнати се всушност фашисти.

Никој не беше уапсен поради овој инцидент, а Меленшон посочи „дека ова мора да престане“, осврнувајќи се на се почестите напади врз политичарите.

Слични содржини