По сладоледите и јогуртите, во Хрватска се повлечени и крекери со сусам од продавниците

од Nikola Popovski

Поради постоењето на пестицид етилен оксид во семето од сусам што се користи во производството на крекери, производот Густони Крекер Сесам мит Росмарин бил повлечен од пазарот, објави во саботата хрватскто Министерство за земјоделство.

Повлекувањето се однесува на производот Густони Сесам мит Росмарин, био, 250 грама, кој има рок на траење до 30 ноември 2021 година.

Во повлечениот производ се наведува дека е во продажба од германската компанија Dennree GmbH, а на хрватскиот пазар од компаниите Био планета и Гарден.

Министерството посочува дека производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) за максимално ниво на остатоци од пестициди во или за храна и добиточна храна од растително и животинско потекло.

Да потсетиме, синоќа министерството за земјоделство ги информираше потрошувачите за повлекување на четири видови сладолед во различни пакувања поради идентификуваниот пестицид етилен оксид во адитивот што се користи во процесот на нивното производство.

Министерството наведува дека добавувачот, Марс Хрватска доо, поради претпазливост, ги повлекол производите Сникерс, Баунти и Твикс.

Производите кои се повлечени имаат различни датуми на рок на употреба и број на серии.

Производите не се во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр 396/2005 за максимално ниво на остатоци од пестициди во или за храна и храна за животинско и растително потекло и за изменување и дополнување на Директивата на Советот 91/414/ЕЕЗ.

Претходно вчера, Министерството за земјоделство објави дека производителот Дукат од Загреб, поради идентификуваниот пестицид етилен оксид во адитивот што се користи во производствениот процес, ги повлекува своите производи Дукатос јогурт црна рибизла 150 гр и Дукатос јогурт портокал цимет 150 гр.

Производите, како што посочува Министерството, не се во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕК) за максимално ниво на остатоци од пестициди во или за храна и храна за животинско и растително потекло. Известувањето се однесува исклучиво за производи со наведените податоци, забележува Министерството.

Слични содржини