По влезот во НАТО, Финска крева ограда на границата со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

За Москва влезот на Финска во НАТО е црвена линија. Во таа скандинавска земја креваат ограда на границата со Русија и се подготвуваат за најлошото сценарио.

„Јасно ни беше дека нашиот влез во НАТО ја преминува црвената линија за Русите“, вели Јуха Мартелиус, заменик-директор за одбранбена политика во финското министерство за одбрана.

Знамето на Финска беше подигнато пред седиштето на НАТО на почетокот на април.

„Чекаме некаква реакција“, вели Мартелиус, мислејќи на големиот сосед од исток.

Двете земји имаат заедничка граница од 1.340 километри. Сега Финска подига гранична ограда висока три метри на растојание од 200 километри.

Оградата не е тука за да го спречи евентуалниот упад на руската армија, туку затоа што во последните години Русија и Белорусија ги целно ги пренасочувале мигрантските текови кон земјите на ЕУ. Беа погодени и балтичките земји и Полска, кои подигнаа огради.

Слично се случи и во финскиот дел на Лапонија во 2015 и 2016 година, а сега ограда крева и Хелсинки.

Слични содржини