Победникот на Евровизија настапи во краток фустан (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Бендот Манескин, кој е победник на овогодинешната Евровизија, во голема мерка е на европска турнеја, а поради нивната оригиналност и ексцентричност, скоро секој нивни настап го привлекува вниманието на јавноста.

Дамијано на концертот во Париз носеше краток кариран фустан и со својот изглед, како и секој пат, ги воодушеви обожавателите ширум светот.

По концертите во Берлин, Амстердам, Гетеборг и Копенхаген, групата Манескин настапи во Париз.

На нивниот официјален Инстаграм, тие споделија неколку фотографии од настапот во Франција, на кои се гледа дека Дамијано носел краток кариран фустан под кој имал кошула, додека другите членови на бендот носеле кошула и панталони.

Слични содржини