Почетино: Ме отпуштаат секоја недела

од Vladimir Zorba

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Почетино го повика раководството да го поддржи. Тој додаде дека е мирен за својата иднина, иако призна дека го нервираат постојаните гласини за негов отказ.

„Имам уште една година од мојот договор, и постојано се шпекулира. Ме отпуштаат секоја недела, изјави Почетино. – Клубот сака да се промени. Претседателот наскоро ќе го објасни новиот проект, но јас сум мирен. За да стигнете до ПСЖ, треба да бидете добар тренер. После година и пол овде, се чувствувам како еден од најдобрите. Водење соблекувална со толку многу ѕвезди е искуство од кое учиш секој ден“.

„Бевме многу блиску до елиминирање на Реал Мадрид, како и Челси, Сити и Ливерпул. Мислам дека бевме подобри, но го пропуштивме последниот удар. Ако целта е освојување на Лигата на шампионите, нормално е испаѓањето да предизвика ваква бура“, додаде Аргентинецот.

Почетино рече и дека е задоволен од постигнатото досега, но верува дека ќе има поголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите доколку му се даде можност да гради тим.

„Мораме да ја цениме шампионската титула во Франција и Купот. Во Лигата на шампионите има многу малку натпревари. Има работи што не ги разбирам. Бурата откако бевме отстранети од Реал Мадрид. Го освоивме шампионатот, како со Лоран Блан и Карло Анчелоти. Ми се допаѓа Сити затоа што му дадоа можност на Гвардиола да гради, му дадоа време. Тоа му треба и на ПСЖ“, прокоментира стручњакот.

Слични содржини