Почина дете по пад од дрво

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера починал малолетник од прилепско по пад од дрво.

-Вчера во 17.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Стровја, прилепско, по пад од дрво, од здобиените повреди на местото починал малолетник од село Црнилиште, прилепско. Притоа, со повреди се здобил и Н.А.. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот. Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид, информираа од полицијата.

Слични содржини