Актуелно
Почетна / Магазин / Почина јапонецот кој беше прогласен за настар маж во светот

Почина јапонецот кој беше прогласен за настар маж во светот

Најстариот Јапонец, кој беше признат и како најстар маж на светот, почина во 112 година, пренесоа локалните медиуми.

Читетсу Ватанабе, жител на градот Џоетсу во средината на Јапонија, почина во неделата, пренесе Kyodo News.

Роден на 5 март 1907 година, Ватанабе живееше во старечки дом. Гинисовиот светски рекорд на 12 февруари го признаа како најстар маж на светот.

Откако завршил земјоделска школа, тој се преселил во Тајван каде што работел во јапонска фирма за произведување шеќер. По тоа, тој бил во јапонската војска за време на Втората светска војна.

По војната се вратил во родниот град и работел како службеник до пензија.

Зад него останаа пет деца, 12 внуци и 16 правнуци.

Најстарата личност на светот Кане Танака живее во Јапонија. Својот 117 роденден го прослави во јануари.

loading...