Почина познат француски дизајнер

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот дизајнер Клод Монтана почина на 76-годишна возраст во Париз.

Монтана стана икона во осумдесеттите години на минатиот век, позната по моделите со тесен струк и нагласени ременици, пишува WMagazine.

Најпрепознатлив од неговите модели е изгледот Eazy Ride, кој вклучува јакна, кожени панталони и каубојски чизми.

Монтана ја одржа својата прва модна ревија во 1975 година, а последната во Париз во 2002 година.

Слични содржини