Почина жената на Џон Траволта: Кели Престон умре од рак на дојка на 57. години

од Aleksandar Petrovski

Сопругата на Џон Траволта, Кели Престон, почина од рак на дојка на 57-годишна возраст.

„Со тешко срце, би сакал да ве известам дека мојата сопруга Кели почина после две години борба со рак на дојка. Таа се бореше со храбро срце и со поддршка на многумина”, напиша Џон на својот Инстаграм.

Џон и Кели беа во брак 29 години, имаат две деца, а нивниот син Џет почина на 16-годишна возраст.

„Жал ми е ако не се огласуваме некое време, ќе им се посветам на децата кои ја загубија својата мајка“, додаде Џон.

Слични содржини