Починал по втората инфекција со корона

од Stefanija Kuzmanovska

Во Германија е регистриран првиот смртен случај по втора инфекција со коронавирус, што е прв случај од ваков вид во таа земја, а трет во светот.

Починатиот за првпат заболел од корона во април минатата година, а по втор пат во декември.

Тој не ја преживеал втората инфекција.

„Пациентот почина од пневмонија предизвикана од ковид19 и сепса, со повеќе откажувања на органи“, велат властите.

Станува збор за маж на возраст од 73 години, кој, по првата инфекција, очигледно не стекнал силен имунитет.

Германските власти посочуваат дека досега мали биле шансите некој по втор пат да биде заразен со коронавирус, но има индивидуални случаи кога пациентите не произвеле доволно антитела.

Слични содржини