Почна да се шпекулира со наследниците на Зидан, едно име се истакнува

од Stefanija Kuzmanovska

Зинедин Зидан го забетонира своето место на клупата на Реал Мадрид по повеќегодишна доминација во Лигата на шампионите, може да се каже дека по враќањето на „Бернабеу“ има поголема самодоверба од кој било друг – но знак прашалник му затропа на вратата по поразот во Украина против Шахтјор 2:0. Се зборува за наследник.

Ситуацијата е таква што Зидан веќе не е безбеден, а за да се дојде воопшто до таа приказна, тимот од Мадрид ќе мора да најдат име што, ќе им биде пријатно на навивачите. Некој почитуван светски тренер или некоја легенда на Реал.

Доколку управата на шпанскиот великан реши да го отпушти Зидан, две имиња се во центарот на вниманието – поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Почетино и тренерот на младинците и легенда на Реал – Раул Гонзалес.

Засега има гласини дека, ако наскоро биде сменет Зидан, тогаш Почетино би бил најдобриот избор бидејќи зад себе има резултати, а има и долга пауза откако ја раскина соработката со „петлите“.

Тоа би било вин-вин ситуација, доколку се случи, бидејќи самиот Почетино е голем обожавател на клубот од Мадрид, а преговорите нема да бидат премногу тешки, со оглед на тоа што тие веќе се случиле во минатото и дека скоро е постигнат договор.

Од друга страна, Раул е повеќе во срцето на навивачите поради неговите вештини на теренот, но досега нема консолидација за да му се даде шанса, иако често се слуша дека Зидан претходно немал многу искуство, но дека успеал со Реал да постигне долгорочна доминација во Лигата на шампионите.

Слични содржини