Почнува реконструкцијата на првите 13 км на патот К. Паланка – Деве Баир

од Stefanija Kuzmanovska

Со правосилното одобрение за градба кое беше добиено денеска, градежните работи за реконструкција и проширувањето на магистралниот пат К. Паланка – Деве Баир може да започнат. Вредноста на оваа нова инвестиција на Владата е над 10 милиони евра со грант од ЕУ од околу 2 милиони евра, објави на својот профил на фејсбук министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Работите опфаќаат рехабилитација на првите 2.6 км, во продолжение проширување на патот со нова трета лента, напуштање на трасата и во еден дел изградба на целосно нова траса, реконструкција на два постоечки мостови и изградба на четири сосема нови мостови.

Во 2018 год. Собранието донесе закон за заем кај Европската банка за обнова и развој, во 2019 год. Јавното претпријатие за државни патишта ја спроведе и заврши целата постапка и сега на почетокот на 2020 год. Овој значаен проект за овој регион и целата земја започнува со реализација и треба да заврши за две години во целост.

Со многу посветеност и поддршка денес тука се реализираат меѓународни, регионални и локални историски проекти тешки стотици милиони евра.

 

Слични содржини