Почнува топлотниот бран: Денеска температура и до 40-тиот степен!

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, со УВ индекс 10, информираат од УХМР.

Максималната температура во Гевгелија ќе се искачи до 40-тиот степен.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе изнесува 38 степени.

Особено топло, според прогнозата на УХМР, ќе биде во четврток и петок кога ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот, неопходните работи граѓаните да ги завршуваат пред 10 или по 17 часот, и да се почитуваат препораките од Центарот за јавно здравје. Тие вклучуваат носење светла облека, туширање повеќе пати дневно, пиење многу вода, избегнување на мрсна храна и јадење помалку,  избегнување тешки физички активности и излегување на сонце.

Слични содржини