Под закана со нож ограбени тројца малолетници

од desk2

Во саботата, околу 19 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ во близина на Трговскиот центар “Алумина“ од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над три малолетници на возраст од 15 и 16 години при што одземени им биле 1.500 денари.


СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на кривичното дело.

Слични содржини