Подољак: Русија е подготвена за бегство од Крим

од Stefanija Kuzmanovska

Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Михајло Подољак, тврди дека Русија веќе е подготвена да побегне од Крим.

Подољак верува дека Русите ќе почнат да бегаат од полуостровот откако Крим целосно ќе биде во опсегот на огнот на украинските сили, пренесува „Униан“.

Според Подољак, преземањето на Крим е прашање на време. Тој оцени дека Украина мора да оди до крајот на војната, инаку нејзините деца повторно „ќе ја плаќаат цената за правото на државата да постои“ за 3-5 години.

Во 2014 година Русија го анектираше полуостровот Крим, по референдумот на тој полуостров на кој мнозинството граѓани гласаа за приклучување кон Русија.

Слични содржини