Погодена автобуска станица во Доњецк, загинаа најмалку 8 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку осум лица загинаа, а четворица се повредени во руското артилериско гранатирање на градот Торецк во областа Доњецк, соопшти регионалниот гувернер, Павло Кириленко.

Кириленко на Телеграм наведе дека во гранатирањето била погодена станица за јавен превоз, каде што се собирале луѓе, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу повредените има и три деца, рече тој.

Слични содржини