Погодени два БЕГАЛСКИ КАМПА во Газа, има жртви и повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Два бегалски кампа беа погодени од израелските воздушни напади во Газа, соопшти денеска министерството за надворешни работи на палестинската управа.

Наводно биле нападнати камповите Ал Шати и Џабалија, а неколку луѓе биле повредени или убиени, јавува Би-Би-Си.

Постојат осум признати бегалски кампови во густо населениот Појас Газа.

Израелската армија денеска соопшти дека извршила голем напад врз центрите на Хамас во Газа, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини