Покрај Груевски и Мијалков, САД со санкции за уште неколку лица од Западен Балкан

од Nikola Popovski

Покрај Никола Груевски и Сашо Мијалков, САД воведоа санкции против поранешниот висок функционер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и поранешен претседател на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ.

Меѓу санкционираните од САД се членот на СДА и делегат на Домот на народот на БиХ, Асим Сарајлиќ и поранешната обвинителка на Обвинителството на БиХ Гордана Тадиќ, како и двајца албански државјани.

Според веб-страницата на американското Министерство за финансии, санкциите се воведени поради дестабилизирачки и коруптивни акции во регионот.

– Посветени сме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и организираниот криминал, изјави специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Габриел Ескобар на брифинг со новинарите од земјите од Западен Балкан.

Слични содржини