Покрај Орце Ѓорѓиевски, соопштени и другите градоначалнички кандидати на ВМРО-ДПМНЕ

од desk2
35 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, по денешната седница на Извршниот комитет што се одржа во седиштето на партијата во Скопје, по името на Орце Ѓорѓиевски, партиски кандидат за градоначалник на Скопје, ги соопшти и другите имиња што ќе бидат кандидати на партијата.

Така, ВМРО-ДПМНЕ за првата функција во општината Гази Баба ќе го кандидира актуелниот градоначалник Бобан Стефковски, во Карпош Сотир Лукроски, менаџер, за Лозово актуелниот градоначаник Бошко Цветкоски, за Пехчево актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.

„Настапуваме со понуда за чесни и некомромитирани вредни кадри за општините и ќе излеземе со јасна визија и програма за развој на секоја општина“, рече Мицкоски.

Претходно беа објавени кандидатурите за 33 општини кои владејачката партија ги утврди на седници на Извршниот комитет во мај и во јуни – за Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Штип, Гевгелија, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево, Свети Николе, Карбинци, Градско, Зелениково, Илинден, Конче, Делчево, Ново Село, Василево, Босилово, Берово, Петровец, Вевчани, Брвеница, Јегуновце, Македонски Брод, Могила, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман, Новаци и Дебарца.

Слични содржини