ВМРО-ДПМНЕ остро ја осудува изјавата на, како што велат, другарот на Зоран Заев и на Венко Филипче, Рубин Земон, кој јавно и без срам вели дека Гоце Делчев е мит, дека не извојувал ниедна битка и дека не напишал ништо што денес е од важност, рече Валентин Манасиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Членот на ИО на Филипче и на Заев, Рубин Земон, тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет. Директорот на Центарот за напредни истражувања на СДСМ и сегашен член на ИО, Рубин Земон, кој, исто така, е и поранешен посебен советник во Владата предводена од Зоран Заев, јавно на социјалните медиуми вели не му е толку важно она што го има направено Гоце Делчев за Македонија и не му е јасно зошто толку македонскиот народ му се восхитува, кажа Манасиевски на прес-конференција.
По ова, додаде тој, јасно се гледа дека на СДСМ воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ.