Покрената истрага за смртта на актерката која го обвини Жерар Депардје за сексуално вознемирување

од Stefanija Kuzmanovska

Отворена е истрага за смртта на актерката Емануела Дебевер (60), која го обвини Жерар Депардје за сексуално насилство, пренесува „Телеграф“.

Дебевер почина на 7 декември, денот кога беше одредена дополнителната истрага за Депардје.

Актерката првпат го обвини познатиот актер за насилство на Фејсбук во 2019 година.

Според француските медиуми, на 29 ноември партнерот на Емануела пријавил во полиција дека таа излегла од куќата и дека нашол „порака со вознемирувачка содржина“. Потрагата по неа започна веднаш.

Недолго потоа било утврдено дека жената која скокнала од мостот Сена е всушност актерка.

Според изворот на истрагата, таа била извлечена од водата, а пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот ја реанимирале и била префрлена во болница, каде починала на 7 декември.

„Во тоа време медиумите го споменаа фактот дека оваа актерка се пожалила на недоличното однесување на Жерар Депардје, особено преку објава на Фејсбук во 2019 година“, додаваат од обвинителството.

„Во склад со овие елементи, покрената е истрага за причините за смртта и околностите кои довеле до смртта“, соопшти обвинителството.

Слични содржини