Политика и Русија: Путин го отпушти советникот Сурков

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин го отпушти Владислав Сурков, еден од неговите најблиски советници, пренесува Би-би-си.

Тајниот стратег беше познат како „сивиот кардинал“ во Русија затоа што се верува дека имал големо влијание врз претседателот.

Тој му помогна на Путин да ја зацврсти власта.

Сурков се занимаваше со политиката кон Украина, но неодамна беше ослободен од тие должности.

Од Кремљ засега нема информација дали Сурков ќе добие нова функција.

Во соопштението на страната не е објаснето ни зошто е отпуштен.

Некогаш, ништо не можеше да се случи во руската политика без учество на Владислав Сурков.

Ги контролираше политичките партии во Дума и уличните младински групи кои го поддржуваа Путин. Тој ги поддржуваше уметниците кои се спротивставуваа на политиката на Кремљ, многумина исто така се сомневаа дека тој ја контролира опозицијата.

За првпат го покажа вистинското лице за време на масовните протести против владеењето на Путин помеѓу 2011 и 2012 година. Иако беше семоќен, тој не беше способен да контролира што се случува на улиците, што за многумина се чинеше како неуспех или полошо – предавство.

Ова не е прв пат Сурков да биде отпуштен. А можеби не е ни последен.

Кој е Владислав Сурков?

Како прв заменик-шеф на канцеларијата на Кремљ, Сурков ги надгледуваше политичките партии во парламентот и изборните кампањи кои му донесоа победа на Путин.

Неговото влијание започна да се намалува во 2011 година, кога беше назначен за вицепремиер.

Во 2013 година, тој доби задолжение да ги надгледува врските на Русија со Украина и другите постсоветски држави.

Слични содржини