Полицискиот час би требало да се укине, вели Филипче

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на емисијата „Само вистина“, навести дека е можно укинување на полицискиот час.

„Во однос на тоа што ќе се случува во месеците пред нас, ќе дискутираме на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник. Ќе зборуваме за полицискиот час. Веројатно ако вака продолжат трендовите на опаѓање, а според нашите анализи нема никакви најави за факторот за преносливост да се смени, тогаш полицискиот час би требало да се укине. Во летните месеци со одредени протокол да се одвиваат сите оние настани и концерти, за постепено животот да се враќа во нормала. Нема ризик за организирање на такво нешто“, информира Филипче.

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19. Пријавено е 1 починато лице.

Слични содржини