Полицискиот час е укинат, кафулињата продолжуваат со нормална работа

од Nikola Popovski

Владата на С. Македонија одлучи од синоќа да го укине „полицискиот час“ и ограничувањето на работното време на угостителските објекти и да дозволи настаните повторно да се одржуваат на отворено.

Забраната за движење на граѓаните во текот на ноќта беше воведена на 10 март со цел да се спречи собирање на млади луѓе по затворањето на кафулињата и ширење на Ковид-19.

Како што се наведува во соопштението од 79-та владина седница, од 16 јуни ќе се укине ограничувањето за работа на угостителски објекти (што беше една од анти-ковид мерките да работат до 23: 30 часот), но гостите сепак можea да бидат примени само во отворените простории.

По препорака на Комисијата за заразни болести, се укинува ограничувањето на работното време на рестораните и кафулињата во хотелите, како и казината и обложувалниците, а казината и автомат клубовите имаат дозвола да служат пијалоци во објектите.

Владата, исто така, дозволи одржување настани на отворено со 50% зафатеност на просторот, но и со ограничување до 1.000 посетители.

Се укинува ограничувањето до 100 гости на свадби, прослави и свечености на отворени летни тераси, со максимален капацитет ограничен на 50 проценти од тоа место.

На владината седница беше донесен заклучок за престанок на обврската на угостителскиот објект да ја регистрира прославата што ја организира и да ја пријави во Угостителската комора, која води регистар на свадби, прослави и други свечености

Во согласност со одлуките на владата, беше препорачано да се донесе нов протокол за организирање свадби, прослави и свечености.

Слични содржини