Помилуван уапсениот белоруски опозициски блогер

од Stefanija Kuzmanovska

Роман Проташевич, белорускиот опозициски блогер, уапсен во 2021 година откако неговиот авион на Рајанер принудно слета во Минск, беше помилуван денеска, објави белоруската државна новинска агенција БелТА.

„Буквално само што ги потпишав сите релевантни документи дека сум помилуван. Ова е секако одлична вест“, изјави Проташевич за новинарите, пренесува БелТА.

Блогерот овој месец беше осуден на осум години затвор за кривични дела, вклучително и поттикнување тероризам, организирање масовни немири и клевета на белорускиот претседател Александар Лукашенко, потсетува „Ројтерс“.

Тој работеше како новинар во новинската агенција Некста, која опширно известуваше за масовните протести против Лукашенко во 2020 година по претседателските избори кои опозицијата и западните влади ги прогласија за наместени.

Лукашенко нареди апсење и затворање на сите истакнати опозиционери за време на изборите.

Слични содржини