Помогнете ѝ на НАСА: Како ќе се вика новиот ровер?

Учениците ширум Америка предложиле дури 28.000 имиња за роверот за Марс 2020 кој го конструираше НАСА. Жирито, бројот на имиња, во полуфиналето го сведе на 155, а во финалната трга влегоа девет имиња, пишува CNN.

За нив може да гласате на онлајн анкетата која е отворена до 27 јануари и чии резултати ќе го одлучат името на новиот ровер кој ова лето, кога е планиран неговиот транспорт, ќе патува кон Црвената планета за истражување.

Ова е листата на имиња за кои можете да го дадете својот глас:

1) Endurance (Издржливост);

2) Tenacity (Истајност);

3) Promise (Ветување);

4) Perseverance (Упорност);

5) Vision (Визија);

6) Clarity (Јасност);

7) Ingenuity (Генијалност);

8) Fortitude (Сила);

9) Courage (Храброст);

Резултатите од анкетата, името на роверот и името на ученикот кој го предложил, ќе бидат објавени на 15 март. Ученикот ќие име ќе биде избрано ќе има прилика да го гледа лансирањето на овој ровер.

Роверот тогаш ќе се придружи на големата мисија на НАСА за истражување на Марс, а неговото слетување на оваа планета се очекува во февруари 2021, кога ќе следа во кратерот Језеро. Овој кратер го добил името по словенскиот збор бидејќи останал како сведочење по исушувањето на езерото кое настанало пред 3,5 милијарди години.

Роверот е направен со цел собирање примероси од Марс кои ќе бидат вратени на Земјата и проучувани. Во кратерот и неговата околина ќе се бараат знаци на живот, минерални наноси и можни микроскопски фосили, што на научниците
ќе им помогне да заклучат дали на Марс некогаш имало живот.

Освен тоа, роверот 2020 ќе ги испроба инструментите за бушење на земја, како и метеролошките инструменти, а ќе проба дали е можно тамошниот јаглерод диоксид да се претвори во кислород.

Својот гас за името на овој ровер можете да го дадете ТУКА.

Слични содржини