Помпео: САД и натаму ја предводат коалицијата против Исламска држава

од Aleksandar Petrovski

Американскиот државен секретар Мајк Помпео врши притисок врз европските земји членки на глобалната коалиција против Исламска држава да ги примат назад и да ги процесуираат своите граѓани заробени во Ирак и Сирија како борци на ИД.

Помпео на министрите за надворешни работи и високите претставници од околу 30 членки на коалицијата во Вашингтон им кажа дека е неопходно да ги задржат илјадниците приведени борци од Европа и другите делови на светот, а кои се одговорни за сторени злосторства.

Тој ги отфрли наводите дека САД ќе отстапат од водството на коалицијата, бидејќи претседателот Доналд Трамп сака да ги повлече трупите од Блискиот исток.

Помпео ги повика учесниците во коалицијата да го зголемат финансирањето на проектот на Обединетите нации за помош и обнова на Сирија.

Слични содржини