Поплави во Италија: 13 лица загинаа, повеќе од 10.000 се раселени

од Stefanija Kuzmanovska

Тринаесет лица загинаа, а повеќе од 10.000 се раселени во поплавите по обилните дождови кои го зафатија италијанскиот регион Емилија Ромања.

„Штетата се мери во милијарди евра, а Владата ќе побара активирање на Европскиот фонд за солидарност“, пренесува АНСА.

Во тој дел на Италија и денеска е на сила црвен метео аларм.

Слични содржини