Попуст до 70% само на излог, санкции за трговците кои прават маркетиншки измами

од Берта Китинска

Во нашиот Закон се регулира распродажбата на производите и услугите, односно како декларира распродажбата и во кој период може да се направи тоа. Тој сегмент го третира и контролира ДПИ, вели Маријана Лончар претседател на организацијата за заштита на потрошувачите во Утрински Брифинг.

-Она што е карактеристично само процент се става за намалување на цената и вие не гледате колку била претходната цена. Често пати се случува да пишува 70% на излозите и само неколку парчиња да бидат на распродажба, вели Лончар.

Таа објаснува дека кога станува збор за тотална ликвидација, тоа стварно треба да биде тотална ликвидација и тоа значи дека објектот се затвора и не се отвора веќе.

– Ликвидацијата во законот се регулира како нечесна пазарна пракса. Глобата е утврдена на доста високо ниво. Може да се изрече и мерка затворање на објектот на одредено време.Луѓето доста купуваат за Блек фрајдеј. Но гужвите кои сега се создаваат во пандемија навистина претставуваат опасност. Инаку Блек фрајдеј кај нас не е она што е во САД, па и Европа. Но факт е дека има намалување особено по моловите и трговските центри, но попустите не се толкави, додава таа.

 

Слични содржини