Поради коронавирусот, новиот Бонд ќе доцни во азиските кина

од Elena Daskalova

За новиот филм од франшизата за Бонд, „Нема време за умирање“ се прогнозираше дека ќе биде најисплатливиот Бонд-филм на сите времиња.

Продолжението, кое воедно е последно на Даниел Крег, ќе започне со прикажување во април во светските кина. Но, голем дел од проекциите во азиските држави се одложени за подоцна, бидејќи ситуацијата со коронавирусот е уште неизвесна.

Кинеските власти затвориле повеќе од 70.000 киносали, а исто така не им е дозволено на ѕвездите од филмот да дојдат на некоја од премиерите. Тие всушност, не би добиле лекарска дозвола, дури и ако коронавирусот исчезне преку ноќ.

Досега најисплатлив филм за Бонд е „Skyfall“ од 2012, а многумина веруваат дека новиот дел ќе го надмине уште во првата недела.

Слични содржини