Поранешен претседател кој се вакцинираше преку ред, позитивен на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

И покрај вакцинацијата преку ред, која му ја уништи политичката кариера, поранешниот претседател на Перу, Мартин Визара, се зарази со ковид-19.

„И покрај неопходната грижа за да се избегне донесување на вирусот дома, јас и сопругата бевме тестирани позитивно на ковид-19 и сме симптоматски случаи“, објави во неделата Визара на Твитер.

„Моето семејство ги презема потребните мерки за изолација“, додаде Визара.

На почетокот на април, на Визара му беше забрането да извршува јавни функции десет години, бидејќи тој беше вакциниран против коронавирус преку ред минатата година.

Конгресот на Перу воведе забрана за Визара, кој ја водеше земјата од 2018 до 2020 година, откако на крајот на минатата година беше вакциниран против коронавирусот со кинеската вакцина Синофарм.

Слични содржини