Поранешен тренер на Федерер: Загрижен сум за психичката состојба на Ѓоковиќ

од Nikola Popovski

Поранешниот тренер на Роџер Федерер, Пол Анакон зборувал за Новак Ѓоковиќ.

Тој се осврнал на претходната недела во текот на која Новак го освои Мастерсот во Рим по петти пат во кариерата.

Ѓоковиќ не го играше својот најдобар тенис, но беше доволно добар да ја освои титулата на првиот турнир на земјени терени оваа сезона.

„Тој самиот рече дека не била најдобрата недела за него. Мислам дека клучот за сите врвни играчи е да најдат начин да победат иако не играат најдобро“, изјавил Пол Анакон за „Tennis Channel“ и продолжил:

„И тоа е она што го Ѓоковиќ, тоа го видовме и во финалето. Тој се вратил откако заостана со 3: 0 во првиот сет и губеше со два брејка…“.

Новак успеа да ја освои титулата нешто повеќе од една недела по еден од најболните моменти во неговата професионална кариера и дисквалификацијата од УС Опен.

„Тој продолжува да воодушевува. Неговата игра е исклучително ефикасна и тој знае како да управува со тоа. Единственото нешто што ме загрижува е неговата психичка состојба. Ме загрижува повеќе од што било, бидејќи тој е крајно раздразлив. Ако бев на негово место или на местото на неговиот тим, би рекол да му земе неколку дена одмор од тенисот. Да се ​​релаксира малку и да се тргне од сè. Да ги наполни батериите“, го споделил своето мислење Американецот кој моментално работи со неговиот помлад сонародник Тејлор Фриц.

Слични содржини