Поранешната девојка на Епстајн: „Постојат компромитирачки снимки од Бил Клинтон и Трамп со девојчиња“

од Stefanija Kuzmanovska

Врз основа на изјавата на Џислејн Максвел, соработничка на финансиерот и осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, беше потврдено дека постојат снимки од неговите забави кои би компромитирале многу познати личности, вклучително и поранешните американски претседатели Доналд Трамп и Бил Клинтон.

Потврдата дека Епстајн скришно ги снимал дружењата во неговите вили и дека овие снимки биле зачувани се засновала на изјава на Џислејн Максвел, негова соработничка и поранешна девојка, за која пишуваше продуцентот Ира Роузен во своите неодамна објавени мемоари Ticking Clock: Behind the Scenes at 60 Minutes.

Имено, Роузен во таа книга откри дека Максвел никогаш не му кажал каде се снимките, но дека успеал да ја измами и да добие одговор од неа кој имплицира на нивно постоење.

– Ги сакам снимките, знам дека Епстајн снимаше сè и ги сакам снимките од Трамп со девојчиња – изјави поранешниот продуцент на познатата емисија „60 минути“ на американската ТВ станица Си-Би-Ес.

Членката на високото британско општество, која е во затвор под обвинение дека пронаоѓала малолетни девојчиња за Епстајн, педофилот милијардер, наводно изјавила дека не знае каде се снимките, бидејќи тој никогаш не ѝ кажал каде се наоѓаат.

Таа објасни дека не може да ги предаде во никој случај велејќи дека тогаш, разговоротот што се случил во 2016 година за време на претседателските избори во Америка, ја поддржала Хилари Клинтон, која би можела да биде загрозена од објавувањето на снимките бидејќи нејзиниот сопруг е на нив . Таа додаде дека тоа би било дополнителна реклама за Трамп, која не сакала да му ја пружи.

– Знам како размислуваат луѓето, ако работите за една страна, мора и за другата. Ако добиете снимки од Трамп, ќе ги добиете и од Клинтон“, рече таа.

Познато е дека Трамп и Епстајн беа пријатели со години и дека заедно правеа забави на Флорида. Додека за Клинтон се знае дека летал 26 пати со неговиот приватен авион „Лолита експрес“ кога, според извештаите, одел на неговиот остров на Карибите, но тој негираше сè, велејќи дека одел таму заради деловни активности, поради Фондацијата Клинтон .

Две жртви на Епстајн изјавиле дека виделе просторија полна со монитори на кои покажува она што го снима видео надзорот во неговата вила во Њујорк и дека некои камери биле инсталирани дури и во бањите.

Епстајн скришно ги снимал своите пријатели како имаат односи со други жени и малолетнички, а потоа ги користел тие снимки за да ги уценува.

Дејвид Бојс, адвокатот кој ги застапува бројните жртви на Епстајн, тврди дека има снимки во сопственост на Епстајн, во кои има и други познати личности, како поранешниот израелски премиер Ехуд Барак, професорот на Харвард Алан Дершовиќ и поранешниот сенатор Џорџ Мичел, објави „Дејли мејл“.

Милјардерот обвинет за трговија со бело робје и педофилија се самоуби во затвор во 2019 година, додека неговата соработничка Џислејн, ќерка на починатиот медиумски тајкун Роберт Максвел, чека судење во затворот во Бруклин.

Слични содржини