Поранешната лидерка на Мјанмар осудена на 4 години затвор

од Vladimir Zorba

Соборената лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи е осудена на четири години затвор, што, според Би-Би-Си, е прва во серијата пресуди со кои може да биде осудена на доживотен затвор. Таа беше прогласена за виновна по обвинение за поттикнување несогласување и кршење на правилата за ковид во согласност со Законот за елементарни непогоди.

Су Чи се соочува со вкупно 11 обвиненија, а сите таа ги отфрли. Таа е во домашен притвор од февруари кога војската изврши државен удар, соборувајќи ја нејзината избрана цивилна влада и затворајќи голем број лидери.

Вин Минт, поранешен претседател на Мјанмар и сојузник на Су Чи од Националната лига за демократија (НЛД), исто така беше осуден на четири години затвор по истите обвиненија.

Су Чи (76) е обвинета за повеќе обвиненија, вклучително и повеќе точки за корупција и кршење на официјалните закони за тајност.

Портпаролот на новоформираната Влада на национално единство, група составена од продемократски личности и противници на пучот, претходно за Би-Би-Си изјави дека Су Чи не се чувствува добро и дека воените генерали и подготвуваат 104 години затвор, сакајќи таа да умре во затвор.

Слични содржини