Поранешната сопруга на Џони Деп стана мајка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Амбер Херд на Инстаграм објави дека станала мајка.

„Многу сум возбудена што со вас може да ја споделам оваа вест. Пред четири години одлучив дека сакам да имам дете. Сакав тоа да го направам под мои услови“, напиша Амбер во описот на фотографијата што ја објави и откри дека ќерката се вика Уна Пејџ Херд.

„Таа е почетокот од остатокот на мојот живот“, напиша актерката во објавата, не сакајќи да открие повеќе детали.

Малечката Уна е родена на 8 април, но Амбер дури сега јавно ја објави веста за раѓањето на детето.

Според пишувањето на Page Six, Уна е родена преку сурогат мајка. Името Уна е од ирско потекло и според ирскиот фолклор, Уна била кралица на самовилите.

Амбер беше во брак со Џони Деп од 2015 година до 2017.

Слични содржини