Поранешниот премиер на Израел за Нетанјаху: „Тој е опасност за државата“

од Stefanija Kuzmanovska

Ехуд Олмерт, поранешен израелски премиер, смета дека Бенјамин Нетанјаху е опасност за Израел и дека е емотивно уништен.

Олмерт истакна дека Нетанјаху сега прави грешка подготвувајќи се да ја преземе целосната контрола врз безбедноста на Газа откако Хамас ќе биде уништен. Во интервју за „Политико“, Олмерт истакна дека Нетанјаху бил во состојба на нервен слом додека се обидувал да избегне да биде соборен од функцијата затоа што не ја заштитил националната безбедност во убиствените напади на Хамас на 7 октомври.

Олмерт дава приоритет на преговорите за крај на конфликтот со меѓународната заедница, што вклучува враќање на преговорите за формирање на палестинска држава, наместо да го врати часовникот назад за целосна воена контрола на Газа.

„Нетанјаху се ‘смали’. Емотивно е уништен, тоа е сигурно. Мислам дека му се случило нешто страшно. Цел живот работеше на лажно преправање дека е ‘господин безбедност’. Секоја минута кога е премиер тој е опасност за Израел. Сериозно го мислам тоа. Сигурен сум дека Американците сфаќаат дека тој е во лоша состојба“, рече тој.

Во основа, Олмерт посочи дека проблемот е што Нетанјаху доживеал нервен слом.

„Не претерувам, тој е притиснат од сите страни“, заклучи поранешниот премиер.

Тој е на мислење дека Израел може да го урне Хамас, но дека недостига планирање за следната фаза.

Слични содржини