Поранешното момче на Ким: Таа го објави експлицитното видео во договор со нејзината мајка

од Stefanija Kuzmanovska

Реј Џеј, поранешното момче на Ким Кардашијан, ја обвини неа и нејзината мајка Крис Џенер дека ја објавиле секс снимката од 2007 година, по што ријалити ѕвездата се прослави.

Поранешниот пар беше заедно во 2002 година, кога и двајцата имаа 21 година, а видеото е направено за време на прославата на нејзиниот роденден таа година, а беше објавено во 2007 година. Реј Џеј рече дека објавувањето на видеото е негова идеја и ѝ го предложил на Ким откако виделе дека популарноста на Парис Хилтон пораснала кога излегол филмот што таа го снимила со играчот на покер Рик Саломан.

„Бев во сенка повеќе од 14 години, дозволувајќи им на Кардашијан да го користат моето име, да го злоупотребуваат моето име, да заработат милијарди долари во текот на десет и пол години зборувајќи за тема за која всушност јас никогаш не сум зборувал“, изјавил Реј Џеј во ексклузивно интервју за „Дејли Меил“ и додал дека не ги објавил нивните експлицитни снимки во јавноста.

„Никогаш не сум објавил ништо во јавноста. Никогаш во животот не сум објавил секс снимка. Тоа отсекогаш било договор и партнерство помеѓу Крис Џенер, Ким и мене и секогаш сме биле партнери од почетокот на оваа работа“, истакнал тој.

Реј Џеј рекол дека ги очекува последиците бидејќи проговорил, но и дека му олеснало што конечно ја претставил својата страна од приказната.

„Ова беше товар за мене. Тоа беше срам за мене. Моето семејство го доведе во прашање мојот интегритет, кој сум јас како личност. Не можам да го живеам остатокот од мојот живот во оваа лага. Се разбудив утрово и си реков: Знаеш што? До крајот на животот ќе живеам во мојата вистина, а не во лагата што ја создадоа Крис Џенер и Ким. Нема да дозволам повеќе да ми го прават тоа“, заклучил тој.

Слични содржини