Порно актерка во солзи откри какви понижувања трпела на сетот: „Сексот беше болен“

од Stefanija Kuzmanovska

„Сексот беше болен“, е најблагата реченица со која поранешната порно актерка Лана Роудс ги опишува своите искуства.

Таа моментално снима видео клипови, поточно видео исповеди на Јутјуб, а на гледачите на нејзините блогови им ги објаснува деталите од порно индустријата и не се двоуми да ги открие најбизарните ситници од сетот.

Во еден од најновите клипови таа зборуваше за разликата помеѓу „ванила и грубиот секс“, наведувајќи дека била понижувана на еден од сетовите, а сексот ѝ бил прилично болен и непријатен.

Како што вели таа, ваквите работи се реалност за актерките во порно индустријата.

„Имаше различни бизарности. Една од тие работи е уринирање во аналниот отвор на една девојка“, рекла Лана.

Таа во еден момент се расплакала.

Изјавила дека ѝ е исклучително тешко да се сеќава на времето кога работела во порно индустријата. Како што вели, за неа тоа било понижувачко.

„Би сакала момчињата и девојките кои гледаат порно да знаат дека овој свет не е реален“, рече таа.

Слични содржини