Порно индустријата низ историјата: Од нелегално, преку анално до банално

од desk2

Порнографијата се има драстично сменето во изминативе 50 години. Сè и сешто дојде и помина како тренд, но порнографијата како таква никогаш не стана помалку популарна.

Нелегално и опасно

Порно индустријата има поминато низ многу промени. Во 70-тите била нелегална, така што снимање, дистрибуирање и купување на порно видеа било забрането и казниво.

Поранешната порно ѕвезда, активистка и авторка на книгата „The Explorer’s Guide to Planet Orgasm“ Ени Спринкл снимала порно филмови од 1974 до 1986 година.

„Да ве фатеа како снимате порно, сигурно ќе ве уапселе. Немаше да добиете обвинение, ама ќе ве малтретираа со бирократија“, вели таа.

Тоа се сменило во 1973 година кога Врховниот суд на САД вовел нови стандарди за експлицитните сцени на државно ниво. Законот подразбирал дека снимањето на вакви сцени мора да биде меѓу четири ѕида, а актерите и продуцентите конечно можеле да здивнат.

Порно актерките често биле проститутки

Во 70-тите често се случувало актерките од порно филмовите исто така да работеле и на улица како проститутки. Ени кажува дека и таа го правела тоа.

„Не бев очајна, не се дрогирав, дури и не пиев алкохол. Знам дека за повеќето девојки кои се проституираа тоа беше начин да соберат пари за дрога и алкохол. Јас не бев една од нив.“

Индустријата расте

Порно ѕвездите од 70-тите и 80-тите кажуваат дека во тоа време порно индустријата била „ексклузивен клуб“ во кој било тешко да се влезе. Сите се познавале и се штителе едни со други. Со текот на годините, индустријата стана сè поголема, а до 2001 година само во Калифорнија имало доволно порно актерки да се снимат 11.000 филмови годишно. Само во Лас Анџелес денес работат неколку илјади жени во оваа индустрија, а тоа не е ништо во споредба со остатокот.

Порно ѕвездите се сè помлади

Просечната возраст на актерите во порно филмовите е 25 години. Повеќето од жените кои доаѓаат во оваа индустрија веќе имале некаков контакт со овој свет, главно како танчарки во стриптиз клубови. Возрасната граница постојано е во опаѓање, а има сè повеќе девојки кои почнуваат веднаш штом ќе наполнат 18 години.

Повеќе категории и целни групи

Повеќето луѓе знаат дека секој популарен порно сајт е поделен на жанрови и поджанрови. Во 70-тите имало само еден „мејнстрим“ секс. Исто така, сексот во порно филмовите бил многу „обичен“: орален секс, пенетрација, ејакулација. Денес има повеќе од 100 категории за луѓе со различни вкусови и фетиши.

Порнографијата денес е поекстремна

Многу активисти за човекови права тврдат дека денес порнографијата е многу поекстремна во споредба со порано.

Џон Сталијано, кој почнал да снима порно филмови во 1973 година е познат по снимањето хардкор порно филмови. Во 2010 година неговото име се спомнуваше во медиумите откако еден федерален агент ги купил неговите порно филмови за екстремни приврзаници на сексуални фетиши.

Имаме многу повеќе слободно време за да ги истражуваме нашите сексуални задоволства, велат експертите.

Анално стана банално

Аналниот секс стана толку застапен во денешните порно филмови што тоа просто се очекува. Порано тоа било големо табу.

Ветеранките во порно индустријата велат дека порано имало само неколку актерки кои снимале анален секс, а кога почнал да станува популарен, почнале да го лажираат сцените со анален секс.

Се снимало под одреден агол со мажот во заднина, за да се гледа лицето на актерката, бидејќи тоа било забавниот дел: да се види изразот на нејзиното лице.

Порното не е само машки клуб

Ени Спринкл вели дека иако жените отсекогаш работеле во порно индустријата, на почетокот имало многу малку од нив кои биле и корисници. Тоа се има многу сменето низ годините. Според статистиките на сајтот PornHub, 26% од корисниците се жени.

Слични содржини