Porsche отвори авто-салон на алпски врв (Фото)

од desk2

Продажен салон кој е сместен на 2.300 метри надморска висина еден е од најнеобичните од 700 салони на Porsche ширум светот.

Покрај тоа што се наоѓа под проѕирна купола на еден планински врв во француските Алпи, неговата специфичност е во тоа што содржи само еден изложбен примерок – Porsche Cayenne.

Овој поп-ап салон е сместен покрај ресторанот „Рок“ во зимскиот центар Мерибел, а на потенцијалните купуваќи на услуга им е продавач кој ќе одговори на сите прашања во врска со моделите на Porsche кои се во понудата.

Заинтересираните може на лице место да закажат термин за тес-возење, но на друга локација, на неколку километри пониска надморска висина.

Ианку, локацијата на која се наоѓа ова специфично место често е изложена на температури под минус 25 степени Целзиусови, додека ветровите достигнуваат брзина од 160 км/ч.

Салонот е отворен во зимскиот период, до средината на април.

Слични содржини