Последна понуда за Мбапе – 200 милиони евра!

од Nikola Popovski

Сагата околу трансферот на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид продолжува.

Челниците на актуелниот вицешампион на Франција се уште не одговориле на понудата на Шпанците, вредна 180 милиони евра. Доколку не добијат повратна информација, Мадриѓаните ќе излезат со последната понуда.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е подготвен да издвои 200 милиони за брзоногиот напаѓач на ПСG. Вредноста на трансферот би била 170 милиони, а ПСЖ би добил уште 30 милиони преку бонуси.

Реакцијата на парижаните се уште се чека. Мбапе одби да потпише нов договор и летото 2022 година има можност да замине како слободен играч без надомест. Тој веќе во неколку наврати истакна дека има желба да го носи дресот на „кралскиот клуб“.

Од друга страна, тој одлично ја започна сезоната во ПСЖ. Во натпреварот од четвртото коло, тој ги постигна двата гола и победи против Ремс со 2:0. Тренерот Маурисио Покетино изјави дека се уште смета на Мбапе и дека е вистинско богатство за тимот од Париз.

Преодниот рок завршува во вторник, 31 август.

Слични содржини