Последниот американски авион го напушти Кабул (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Заврши 20-годишното присуство на американската армија во Авганистан. Последниот авион на американската армија го напушти аеродромот во Кабул, со што заврши операцијата за евакуација од Авганистан.

Десет членови на едно семејство, вклучувајќи шест деца, загинаа во напад на американско беспилотно летало врз возило на терористичката група ИС-К во станбена област во Кабул, тврдат нивните роднини. Пентагон посочува дека истрагата е во тек.

Последниот авион на американската армија го напушти аеродромот во Кабул, со што заврши операцијата за евакуација од Авганистан, потврдено е од Пентагон, пренесува Ројтерс.

За неколку минути ќе започне прес -конференција во Пентагон.

Американците евакуираа повеќе од 123.000 цивили од Кабул.

И во Кабул се уште се слушаат истрели, додека талибанците го слават заминувањето на американските војници.

Слични содржини