Последното интервју на Марадона: „Се прашувам дали луѓето сè уште ќе ме сакаат“

од Nikola Popovski

Понекогаш се прашувам дали луѓето сè уште ќе ме сакаат, изјавил Диего Марадона во своето последно интервју со новинарите на аргентинскиот весник „Кларин“, кое го направил по повод неговиот 60-ти роденден.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња почина во средата од срцев удар, само три недели откако го прослави својот роденден.

„Фудбалот ми даде сè што имам, повеќе отколку што некогаш сум замислувал. И без таа зависност можев да играм многу повеќе“, рекол Марадона.

Изолиран во неговиот дом во Брандсен, Марадона се согласил да одговори на прашањата што „Кларин“ му ги испратил преку неговиот портпарол.

Тој ја коментирак неговата популарност, зборувал за љубовта што ја покажуваат аргентинските спортисти кон својата земја, проблемите со пандемијата на коронавирус и судбината на Меси во Барселона.

„Ќе им бидам вечен благодарен на луѓето за љубовта што ми ја покажуваат. Ме изненадуваат секој ден, она што го доживеав по враќањето во аргентинскиот фудбал, никогаш нема да го заборавам. Понекогаш се прашувате дали луѓето сè уште ќе ме сакаат, дали сепак ќе се чувствуваат исто“, истакнал Марадона.

Тој посочи дека аргентинските спортисти рано заминуваат во странство и затоа нивната татковина им недостасува.

„Затоа, кога ве покануваат од националниот тим, ќе дојдете со пливање доколку е потребно. Бидејќи тоа значи повторно да го браниме знамето и тоа нè прави поразлични. Кога ќе видам лицето на аргентински спортист како победува, тоа навистина ме воодушевува“, потенцирал тој.

Тој го коментирал и случајот Меси – Бартомеу – Барселона.

„Знаев дека ова ќе заврши лошо и мислев дека Лео заминува. Ми се случи истото и на мене. Барселона не е лесен клуб, тој е таму многу години и не се однесуваа кон него како што заслужуваше. Тој им даде сè, ги однесе до врвот и сакаше да ја смени средината, но тие не му дозволија“.

Марадона заврши во болница на почетокот на ноември и беше итно опериран поради крварење во мозокот.

Иако барем се чинеше, дека тој опоравува брилијантно и брзо, сепак болницата му дијагностицирала и знаци на апстиненцијална криза, поради што неговото закрепнување било доведено во прашање, па затоа бил префрлен во строгоо обезбедена ексклузивна клиника за рехабилитација во околината на Буенос Аирес.

Слични содржини