Постар маж попладнево скокнал од балкон во Скопје, го спасиле случајни минувачи

од Stefanija Kuzmanovska

Повозрасен човек попладнево на скопската улица „Орце Николов“, веројатно со намера да си го одземе животот, скокнал од балкон од зграда.

Човекот бил спасен благодарение на брзата реакција на неколкумина минувачи и луѓе од блиските дуќани, на кои тој буквално им скокнл во раце.

По ова, иако полесно повреден од падот, зашеметениот човек тргнал кон автомобилите на раскрсницата на улиците „Рузвелтова“ и „Орце Николов“, но присутните уште еднаш го спречиле да си наштети себеси.

Насобраните граѓани слујачот го пријавиле во полиција и брза помош.

Слични содржини