Потресно и тажно: Актерката од култната серија повторно се бори за живот

Актерката Шенен Доерти во гостување во емисијата „Good Morning America“
открила дека ракот, за кој докторите пред три години ѝ рекле дека се повлекол, повторно се вратил. Низ солзи таа признала дека нејзината борба со последната дијагноза трае веќе една година.

Таа раскажала како на почетокот на минатата година дознала за враќањето на кобната дијагноза и одлучила да ја сокрие од јавноста се до една недела пред рочиштето, на кое и онака би се дознало за нејзината дијагноза, за спорот кој го води со осигурителната фирма поради нејзиниот дом кој беше фатен од пожарите во 2018 година.

– За неколку дена ќ се дознае дека имам 4 стадиум на рак, ракот се врати и затоа сум овде – ѝ рекла на водителката низ солзи и додала: Ова е горка таблета за голтање. Скаменета сум и многу уплашена – признала.

Актерката, исто така, додала дека најтешко и било да ги соопшти вестите на сопругот Курт и мајка и Роси.

– Мојата мајка најверојатно е најхрабрата личност, како и мојот сипруг. Меѓутоа, се грижам за него – рекла Доерти која инаку нема деца.

За потсетување, на актерката карциномот и беше дијагностициран во 2015 година. Следеа хемотерапии, а храбрата Шенен за тоа често зборуваше во јавноста и објавуваше фотографии на Инстаграм, со цел да ја подигне свеста за ракот на дојка.

Слични содржини