Повеќе од 5 МИЛИОНИ Украинци избегале во Полска

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од пет милиони Украинци дошле во Полска од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, соопшти полската гранична полиција.

„Од 24 февруари, службениците на Граничната полиција регистрираа повеќе од пет милиони луѓе на граничните премини од Украина кон Полска“, се вели во соопштението.

Според податоците на Граничната полиција, во последните 24 часа од Украина во Полска преминале 22.600, а во спротивна насока 27.500. Во соопштението за медиумите се истакнува дека од почетокот на операцијата од Полска до Украина патувале вкупно 3.099.000 луѓе.

Според статистиката на УНХЦР, до 19 јули 5.988.696 луѓе избегале од Украина во други делови на Европа. Најголем дел од нив се регистрирани во Русија, Полска, Германија и Чешка.

УНХЦР има регистрирано 9.567.033 премини на границата од Украина од 24 февруари и 3.793.403 премини во Украина.

Слични содржини