Повеќе од милион и пол деца изгубиле барем еден родител поради коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од еден и пол милиони деца во светот изгубиле барем еден родител или старател во пандемијата на ковид 19 од март 2020 година до април оваа година.

Нова студија објавена во списанието „Лансет“ покажа дека бројот на деца кои изгубиле еден или двајцата родители поради пандемијата е особено голем во споредба со населението во Јужна Африка, Мексико, Бразил и Колумбија.

Вкупно, бројот на деца кои ги загубија своите татковци е пет пати поголем од бројот на деца кои ги загубија своите мајки, пренесува Хина.

Група истражувачи предводени од Сет Флексман од Империјал колеџ во Лондон дојдоа до оваа бројка врз основа на математички модели користејќи податоци за наталитетот и смртноста од коронавирус.

Бидејќи податоците не се целосни за сите места, тој број може да биде само проценка, а веројатно е и поголем, напишаа научниците.

Слични содржини