Повеќе од сто луѓе повредени во експлозија во фабрика во Иран

од Stefanija Kuzmanovska

Во експлозија во хемиска фабрика во јужен Иран повредени се повеќе од 100 луѓе, главно полесно, јави денеска иранската државна телевизија.

Истекувањето од резервоарот со амонијак предизвика експлозија во понеделникот вечерта, во јужниот град Фирузабад во провинцијата Фарс, кој се наоѓа на околу 770 километри јужно од главниот град Техеран.

Пожарникарите набрзо успеале да го изгаснат пожарот, а според провинцискиот здравствен претставник, од 133 повредени кои биле префрлени во локалните болници, 114 подоцна биле пуштени по лекувањето.

Слични содржини