Повредени четири лица во голем пожар во тетовски Вејце

од Берта Китинска

Четири лица со полесни повреди, еден хоспитализиран за испитување, изгорени вкупно пет објекти-куќи и штали со добиток е билансот од пожарот што вчера попладне се случи во тетовското планинско село Вејце.

Пожарот започнал во 16 часот, а биле потребни неколку часа за да се изгаси и ликвидира.

– Интервениравме со два противпожарни камиони и седум пожарникари. Дадовме максимум да го ставиме под контрола. Имаше ветер што придонесе за ширење на огнот, истакна Ука Алити, командант на тетовската Противпожарна единица.

Од Итната медицинска помош на самото место е пружена помош на четири лица, а едно лице е однесено на интерно одделение за понатамошни испитувања.

Мештаните на кои им изгореле шталите имаат штета и поради тоа што им изгорел и дел од добитокот.

Слични содржини