Повторно е хоспитализиран Берлускони

Поранешниот премиер на Италија и лидер на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони (84) е хоспитализиран поради лекарски прегледи.

Како што потврдија два извори од неговата партија, Берлускони поминал на лекарски прегледи откако го поминал ковид-19 во септември минатата година, пренесува Ројтерс.

Тој имаше операција на срцето во 2016 година, а исто така се опорави од тумор на простата.

Слични содржини